Одложена исплатата на следната транша за Грција

банкарскиот и финансискиот систем на земјата, информира германскиот весник и забележува дека минатонеделните преговори меѓу Атина и кредиторите од ЕК, ЕЦБ, ММФ и Европскиот механизам за стабилност, завршија без успех. Грчкиот министер за финансии Еуклид Цакалотос објасни дека Владата се уште треба да заврши „огромна работа“.

За време на преговорите имало несогласувања и за прашањето како банките во земјата ќе се справат со лошите хипотекарни кредити. Грчкиот премиер Алексис Ципрас минатата недела истакна дека неговата Влада нема да толерира масовни запленувања на хипотеки.