Балкан

Одложена седницата за ратификација на демаркацијата на косовско-црногорската граница

Одложена седницата за ратификација на демаркацијата на косовско-црногорската граница

Вонредната седница на косовскиот Парламент закажана за денеска е одложена, откако пратеничките групи во Собранието не постигнаа консензус околу договорот за демаркација на границата со Црна Гора.

Претседателот на Парламентот, Кадри Весели не успеа да обезбеди парламентарно мнозинство за да се изгласа ратификацијата на договорот за демаркација.

РТК јави дека седницата е презакажана за 28- февруари.

И вчера Парламентот не успеа да го обезбеди потребното мнозинство од две третини за ратификација на договорот со Црна Гора.