Одложено е денешното рочиште за судскиот процес „Диво насеље“ за 19 мај

Судењето е одложено бидејќи требаше да бидат донесени ново обвинети кои беа дел од друг предмет.

Обвинителството реши да ги спои во еден предмет, а се работи за група жители на населбата, кои се обвинети за помагање на обвинетите за тероризам.

Бидејќи се спојуваат два предмета, судскиот процес и покрај тоа што е стигнат до половина мора да почне од почеток.

Тоа значи дека ново обвинетите, но и претходно обвинетите ќе се изјаснуваат за вина и сите сведоци сослушани досега ќе треба да бидат повторно повикани.

Судот сега се соочува со проблем бидејќи во случајов во судницата ќе треба за влезат минимум уште 20 луѓе обвинети и адвокатите, а тоа просторот не го дозволува.

Затоа од судот било побарано да се користи салата на Врховниот суд од каде стигнал одговор Кривичниот суд сам да се снајде за сала.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.