Повторно одложено судењето за „Дива населба“

Судењето за „Дива населба“ беше одложено поради тоа што на адвокатите не им беше дозволено да влезат во големата сала на Врховниот суд, во која беа спроведени сите 37 обвинети, јавува Телеграф.мк.

Обвинителката Вилма Русевска изјави дека судењето се одлага за 6 јуни, а како причина за одложувањето наведе дека е тоа што судската полиција од Врховниот суд не им дозволила влез во салата.