петок, 28 јули 2017  |  Вести денес: 43

Одложено судењето за Дива Населба

obvineti-diva-naselba

Поврзани вести

Одложен судскиот процес против обвинетите за тероризам во случајот „Дива населба“, кој беше закажан за денеска. Рочиштето е одложено за 31. мај поради тоа што судијката која го води предметот, Верка Петковска е на боледување.

Судењето требаше да продолжи во големата сала на Врховниот суд,  бидејќи во Основниот суд Скопје 1 нема просторни и безбедносни услови за одржување на судењето во кое има голем број обвинети.

Судот на почетокот на овој месец донесе одлука со овој предмет да ја  спои постапката со случајот „Молња“, односно со логистичарите кои беа уапсени пред неколку месеци. За настаните од „Дива населба“ обвинети се 29 лица, а како логистичари осум лица.

На 9 и на 10 мај 2015 година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.  Убиени беа и десет лица од вооружената група.

Најчитани вести