Одложено судењето за обидот за убиство врз Тодоров

Судењето за дедото на Тамара, Љупчо Стојановски кој се товари за обид за убиство на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров денеска беше одложено. Како што соопшти судијката Софија Лаличиќ предметот се наоѓа во Апелациониот суд поради жалба на одбраната на притворот на обвинетиот.

Судијката го прочита одговорот од  Министерството за правда во однос на оспореното вештачење поради истечена лиценца на вештаците. Во одговор министерот  навел дека не е важно кога вештаците побарале продолжување на лиценцата, бидејќи важноста на лиценцата тече откако министерот ќе ја потпише.

Следното рочиште беше закажано за идната среда. На судењето присуствуваше и поранешниот министер Тодоров како и двајцата сведоци припадници на неговото обезбедување.

Стојановски поради постоење опасност од бегство и опасност од повторување на кривичното дело се наоѓа во притвор.