Одложено судењето за „шамарите“ во Центар

Денешното рочиште за случајот „Насилството во центар“ беше одложено поради отсуство на еден од обвинетите, за кои специјалната обвинителка Фатиме Фетаи побара да биде притворен оти трет пат по ред не се појавил на судењето.
Во случајот познат како „Шамари“ обвинетите се и екс премиерот Никола Груевски и поранешниот министер Миле Јанакиески.

Рочиштето се одложи бидејќи обвинетиот Милан Андонов бил болен, односно е на боледување.
Според адвокатот на Андонов, обвинетиот имал ларингит и му било препорачано да се одмара, за што му било напишано и боледување од 14 дена.

-Доколку денеска дојдеше обвинетиот сигурно немаше да има физички напор. Неговото отсуство е со цел да ја одоговлече постапката. Ова е трет пат како истиот обвинет не се појавува. Очигледно е дека избегнува да дојде, затоа предлагам да му се изрече притвор- рече Фетаи.

На минатото рочиште, судијата Душан Јосифов го одложи судењето, по забелешката на Груевски и останатите обвинети дека во целост не го разбрале обвинението, бидејќи не го добиле во пишана форма.