Одложено судењето за случајот „Ќелија“, уште едно лице сака да ја признае вината

Судењето за случајот „Ќелија“ денеска беше одложенo поради барање на одбраната на еден од обвинетите, кои побараа дополнително време за доказите, но и поради подготвеноста на уште еден од обвинетите да ја признае вината,  за што неговиот адвокат побара од Судот дополнително време за консултации со својот клиент.

Во овој случај петмина се обвинети за учество во странска војска паравоена и параполициска формација.

Со обвинението за „Ќелија“ беа опфатени вкупно 12 лица, 7 од нив ја признаа вината, еден кога случајот беше во истрага, а останатите 6 меѓу кои и водачот на групата, за време на оценката на обвинителниот акт.

Судот им одреди затворски казни од 1,5 односно 7 години. На денешното прво рочиште, застапникот на обвинението во судот истакна дека има доста материјални докази за да ги докаже делата кои им се ставени на товар на 5те обвинети.

Според јавниот обвинител, обвинителството прибавило докази со помош на посебни истражни мерки, како и други докази од кои се потврдува дека обвинетите комуницирале меѓу  себе комуникација, но и со трети лица кои се во воените жаришта и кои се дел од паравоени формации, како и со лица кои биле логистика, го финансирале патот на борците врбувани и вршеле обука на истите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.