Одложено судењето за Зоран Божиновски

Повторно одложено судењето за Зоран Божиновски обвинет за шпионажа. Беше прочитеано обвинението. Одбраната побара дополнително време за анализа. Новото рочиште е закажано за 10-ти ноември.

Во напната атмосфера почна главниот претрес против Зоран Божиновски, откако тој на судијката и се обрати дека не го читал обвинението, зашто Кривичниот суд и обвинителството биле злосторничко здружение, а не тој. Беше предупреден дека има законска обврска пристојно да се однесува.

После читањето на обвинението, Божиновски повтори, дека не разбира за што се товари. Неговата одбрана побара одложување на главниот претрес, бидејќи изутрината го добила обвинителниот акт, а сака да го проучи за да даде соодветна одбрана.

Обвинителството останува на обвинението дека Божиновски бил дел од злосторничкото здружение во случајот „Шпион“.

Според обвинението новинарот Божиновски на групата и се приклучил во 2010-та. Прибирал информаци и податоци за лицата кои биле предмет на уцена и неговиот весник, „Буре весник“ го користел за објавување на информации за нив. Сумите кои ги побарувал стигнувале до 200 илјади евра како во случајот со познати бизнисмени и, според обвинението, информациите кои ги продавал на странски разузнавачи.

Судењето за новинарот Божиновски неколкупати се одложуваше. Во април годинава тој беше екстрадиран во земјава од соседна Србија и од тогаш е во притвор во затворот Шутка.