Одложен денот Д, УЕФА во петок ќе донесе конечна одлука за Србија и Албанија

Европската фудбалска унија (УЕФА) го одложи на еден ден донесувањето на одлуката за казните за инцидентите на квалификацискиот натпревар меѓу Србија и Албанија.

Тричлената комисија на УЕФА требаше денеска да ја донесат одлуката за прекнувањето на натпреварот меѓу репрезентациите на Србија и Албанија, но одлуката ќе биде соопштена во текот на утрешниот ден.

Дисциплинската комисија ја добила обилната документација со докази од страна на двете делегации, а состаноците со нив ќе бидат одвоени. Од таа причина УЕФА не сака да брза со конечната одлука.

Во Контролната и Дисциплинска комисија се наоѓаат како претседател Томас Партл од Австрија и членовите Жак Антенен од Швајцарија, Шандор Бержи од Унгарија, Томас Хеа од Андора, Џим Стјерне Хансен од Данска, Ханс Лоренц од Германија, Рудолф Репка од Чешка, Џејмс Шо од Северна Ирска и Жоел Волф од Луксембург.