Одложен мечот Шкендија – Вардар

Утрешниот дерби натпревар од 26-то коло во Првата лига на Македонија, меѓу Шкендија и Вардар, што требаше да се игра во Куманово, е одложен. Комисијата за натпревари при ФФМ ја прифатила сугестијата на МВР, поради нарушената безбедносна состојба во кумановскиот регион и денешните случувања во липковско Гошинце, сепак, натпреварот е одложен.

Во текот на утрешниот ден на состанок во ФФМ ќе биде одлучено кога и каде ќе се одигра овој натпревар.

Останатите натпревари од 26-то коло засега останува да се играат утре, со почеток во 16 часот. Поради реновирање на стадионот во Тетово, Ренова како домаќин против Хоризонт Турново својот меч ќе го игра во Боговиње.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.