Одложена посетата на Еди Рама на Србија

Посетатат на премиерот на Албанија, Еди Рама на Белград, која беше закажана за 22 октормври е одложена и истата е презакажана за 10 ноември.

„Србија се постави одговорно во настојувањето да го одржи мирот и стабилноста во регионот, но од друга страна нема да дозволи никој да понижува“, вели извор од Владата за спрски Курир.

Вучиќ и Рама истакнаа дека е неопходно да продолжи дијалогот и процесот кој е започнат во Берлин, на 28 август, во текот на конференцијата за Западен Балкан, бидејќи единствено на тој начин ќе се подобрат односите меѓу двете земји, регионот, но и цела Европа.

Заклучокот е, како што се наведува во сооптението, дека официјалната средба меѓу Вучиќ и Рама ќе биде на 10 ноември во Белград.

Во заедничкото соопштение на двата премиери се наведува дека се согласни дека инцидентот на стадионот во Белград за време на фудбалскиот натпревар меѓу Србија и Албанија по својата суштина е многу несреќен.

„И понатаму постојат јасни н есогласувања околу тоа како дојде до инцидентот, но не смееме и не сакаме да ја пропуштиме можноста да се сретнеме и да работиме на одржување на регионалната стабилност“, се вели во сооптенијата.