Одложена пресудата за петкратното убиство кај Смилковско езеро

Иако за денеска беше најавена пресуда за случајот „Монструм“, од Судот информираат дека таа се одложува заради здравствени проблеми на судечкиот судија кој неможе да присуствува на објавата.

Двајца од обвинетите, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се осомничени дека се директни извршители на убиствата се’ уште се во затвор во Приштина и не се екстрадирани.

Тие се осудени на затворски казни од две и две и пол години затвор (од лани во март) за недозволено поседување оружје. Македонија веќе подолго време бара нивна екстрадиција, но, засега нема никакво официјално објаснување зошто тоа не се прави.Во судот во Скопје на клупата на обвинети денеска ќе бидат Агим Исмаиловиќ, Фејди Азири, Сејди Рама, Хаки Азири и Сами Љута. Тие тврдат дека се невини и дека се наместени.
Обвинителката Гордана Гешковска побара најстроги казни за обвинетите со образложение дека свесно ги масакрирале петтмината Македонци на Велигден само за да предизвикаат страв кај православното население.Завршниот збор на обвинителот Гешкоска наиде на осуда во дел од јавноста, вклучувајќи го и народниот правобранител Иџет Мемети и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Роднини на обвинетите пред десетина дена протестираа пред судот каде што течеше процесот, сметајќи дека е монтиран и дека нивните најблиски се невини.Масакрот кај Смиљковското Езеро се случи на 13 април 2012 година, на Велики четврток, веднаш пред големиот христијански празник Велигден, кога беа убиени четирите момчиња од населбата Радишани, Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски и Кире Тричковски од Радишани и Борче Стефковски (45) од селото Црешево.
Според обвинението Демири со пиштол испукал осум куршуми, а браќата Исмаиловиќ 13 во Цветанчо Ацевски, Kире Тричковски, Александар Накевски и Филип Славковски. Пет куршуми биле испукани и во рибарот Борче Стефковски додека бегал кон својот автомобил.