Одложена претставата „Буре барут“ на „Скопско лето“

Претставата „Буре барут“ од Дејан Дуковски во режија на Наташа Поплавска и продукција на театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп која гостува на „Скопско лето“ наместо вечерва ќе биде изведена в среда, 2 јули, и наместо во Драмски театар,  во „Театар Комедија“. Почетокот ќе биде во истиот термин 20.30 часот.

Презакажувањето на претставата е од технички причини, соопшти Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, организатор на „Скопско лето“.

Во претставата играат: Игор Трпче, Димитар Ѓорѓиевски, Даниела Ивановска, Владимир Ѓоргијоски, Александар Степанулески, Димитар Црцороски, Виолета Чакарова, Марјан Чакмакоски, Катерина Чакмакоски, Наташа Наумоска, Илија Волчески, Марија С. Илијеска, Зоран Иваноски и Михајло Миленкоски.

Костимограф е Александар Ношпал, сценографијата и дизајнот на Емил Петров, музиката на „Мизар“.

На „Скопско лето“ утревечер во Македонската опера и балет ќе биде изведен балетот „14 часа“ на музика на Кирил Џајковски и режија на Наташа Поплавска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.