Одложена средбата Груевски-Јункер во Брисел

Одложена е средбата на претседателот на Европската Комисија Жан-Клод Јункер и македонскиот премиер Никола Груевски, која што беше предвидена за четврток во Брисел, јави МИА.

Во петокот портпаролот на Еврокомисијата, Маргаритис Схинас, објави средба Јункер – Груевски на 26-ти овој месец, а денеска неговата заменичка Мина Андреева, соопшти дека истата е одложена.

– Разговаравме со властите во Македонија. Знаете дека комесарот за преговори за проширување Јоханес Хан беше на теренот на 17-ти месецов, а и ние имаме постојани разговори со сите во земјата, па поради развојот на настаните на теренот, заеднички договор е да не се одржи состанокот закажан за овој четврток, образложи Андреева.

фото: МИА