Свет

Одложена утринската сесија на сириските мировни преговори во Женева

Одложена утринската сесија на сириските мировни преговори во Женева

Утринската сесија на сириските мировни преговори во Женева е одложена, бидејќи специјалниот претставник на Обединетите Нации и Арапската лига за Сирија, Лахдар Брахими, одржува средба со заменик министерот за надворешни работи на Русија, Генадиј Гатилов, пренесе „РИА Новости“, повикувајќи се на извори блиски до преговорите.

„Утринската сесија се’ уште не е започната, бидејќи Брахими е на средба со Гатилов“, пренеле изворите.

Во исто време од седиштето на ОН во Женева не ги потврдуваат информациите за разговори меѓу Брахими и Гатилов.