Македонија,Крими хроника

Одложено судењето Канчевска Милевска – Шилегов

Одложено судењето Канчевска Милевска – Шилегов

Поради отсуство на судијката се одложи рочиштето за случајот во кој министерката Елизабета Канческа-Милевска го тужи за клевета портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, во врска со изградбата на новиот театар.

Сослушувањето на странките е закажано за 5 ноември.

Денеска, напладне треба да се одржи рочиштето по тужбата на битолскиот градоначалник Владимир Талески против претседателот на огранокот на СДСМ во Битола, Васко Ковачевски.