Одложено судењето на Младиќ

Обвинетиот во Хаг, Ратко Младиќ и ова утро не се појавил во судницата на трибуналот поради болест.

Како и во понеделникот, продолжувањето на судењето на Младиќ е одложено затоа што обвинетиот за геноцид и најтешки воени злосторства во Босна и Херцеговина не се одрекол од правото да присуствува на процесот.

Новите информации за здравствената состојба на Младиќ не се достапни за јавноста.