Свет

Одлуките на „Г-20“ ја погреаја цената на нафтата

Одлуките на „Г-20“ ја погреаја цената на нафтата

Нафтата поскапе откако најголемите економии во светот (Г-20) ветиле дека ќе го поттикнат глобалниот економски раст со повеќе од две милијарди долади во следните пет години.

Еден барел „лесна“ нафта за терминска испорака во април на Трговската берза во Њујорк поскапе за 27 центи на 102,47 долари за барел, додека истата количина северноморска нафта од типот „брент“ за испорака во април на пазарот во Лондон чинела 110,04 долари, односно поскапа за 19 центи.

„Г-20“ ветува економски раст од два отсто во следните пет години и тоа ќе биде оптимизам на економијата на среден рок.

По вчерашниот состанок во Сиднеј, министрите за финансии и претставници на централните банки на земјите „Г-20“, кои чинат 85 отсто од светската економија, порачале дека ќе започнат силен, оддржлив и урамнотежен раст на глобалната економија.

Меѓународниот монетарен фонд верува дека таа стратегија ќе додаде половина процентен поен на глобалниот економски раст секоја година почнувајќи од следната година. Фондот моментално прогнозира раст од 3,7 отсто оваа и 3,9 отсто следната година.