Македонија

Ако одите на одмор во Турција, бидете подготвени за терористички напад!

Ако одите на одмор во Турција, бидете подготвени за терористички напад!

Ако оваа година одите на одмор во Турција, имајте на ум дека и тоа како треба да бидете претпазливи кога се станува збор за вашата безбедност, а воедно и да бидете подготвени на не дај Боже теористички напад, со оглед на моменталната ситуација во земјата.

Размислете подобро дали навистина ќе бидете безбедни додека сте на летен одмор во Турција, со оглед на тоа дека земјата им објави отворна војна на џихадистите од групата Исламска држава и стави крај на мировниот процес со курдските бунтовници. Од друга страна екстремистите како едв даја го чекаа тоа и започнаа крвав поход против Турција.

Во меѓувреме туристите им се одлична можност на терористите за што „поуспешен“ односно покрвав напад, што воедно е и нивната стратегија од самиот почеток на нападите.

Напад во Бодрум

Последниот терористички напад во Бодрум, во близина на летувалиште, во кој загина едно лице едефинитвно е сериозно предупредување за сите оние кои планираат да летуваат во Турција.

Овој напад е само последен во низата, а вчера по наводна разузнавачка информација протече предупредување за можни нови напади во земјата.

turcija
Одмор во Турција и закана од терористички напад

Борци чекаат на знак за напад

Земјата во моментов е во незавидна ситуација приклештена од милитантите на Исламската држава, но и курдските бунтовници. По крвавиот напад во градот Суруч, во кој животот го загубија 32 лица, а најмалку 100 беа повредени, Турција започна офанзивна борба против терористите, а пред неколку дена турскиот премиер објави дека е ставен крај на мировниот процес со Курдите.

Она што најмногу загрижува е тоа што истовремено Турција е соочена со бран бегалци, меѓу кои секако има и напаѓачи. Камповите на бегалци кои ги има на турско-сириската граница им се одлична можност на џихадистите да ја искористат шансата за влез во земјата. За оние пак, кои веќе го сториле тоа туристичката сезона им е погоден момент за што „покрвав“ напад, што воедно е карактеристично на стратегијата на џихадистичките борци.

Ова значи дека на територијата на Турција веќе има голем број борци на Исламската држава кои само чекаат знак за да се активираат.

Страв од нови напади на исламистите

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу по нападот во Суруч порача дека ќе ја зголеми безбедноста долж границата со Сирија.

Турција ги презема сите неопходни мерки во борбата против Исламската држава и со тоа ќе продолжи. Соочени сме со терористички акт и имаме намера да ги најдеме и казниме оние кои се одговорни за овој напад, изјави Давутоглу.
Меѓутоа, по овој напад, за жал имаше други нови.

Турција удри врз Исламска држава

Турски воени авиони извршиле бомбардирања врз цели на џихадистичката група на територијата на Сирија.

Телевизијата ТРТ објави дека четири борбени летата, полетале од базата Дијарбекир, во југоисточна Турција, и извршиле ракетен напад врз сириското село Хавар, кое се наоѓа непосредно до граничната линија со турската провинција Килис.

Кабинетот на премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу, испратил соопштение до јавноста во кое е наведено дека авиони од типот Ф-16 во бомбардирале три локации на Исламска држава во северна Сирија.

Оваа акција на турската армија се случуваше по нападите на џихадистите на позиции на војската на Турција долж границата.

1.050 милитанти уапсени во Турција

Во операција спроведена од страна на турските безбедносни сили уапсени се 1.050 милитанти во Турција, меѓу кои и припадници на Исламска држава, Курдската работничка партија (ПКК) и ултра левата партија DHKP-C.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу истакна дека меѓу борците има и странци.

Меѓу уапсените милитанти во Турција има и 50 до 60 странски државјани, изјави Давутоглу.

Доколку сепак не се откажувате од одмор во Турција, Ве советуваме да ги држите очите очите ширум отворени и да бидете далеку попретпазливи бидејќи ризикот за нови терористички напади е огромен.