Македонија

Одмрзнати сметките на Макпетрол

Одмрзнати сметките на Макпетрол

Денес се одмрзнати сметките на Макпетрол. Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое им наложува на банките да го запрат извршувањето на мерката донесена од судија во опретходна постапка за замрзнување на сметките на Макпетрол АД Скопје и Оилко КДА Скопје.

Основен суд Скопје 1 – Скопје во врска со предметот кој се однесува на замрзнување на банкарските трансакции на правните лица Макпетрол АД Скопје и ОИЛКО КДА Скопје ја информира јавноста дека кривичниот совет во рок од 24 часа имајќи го во предвид јавниот интерес и предлозите на странките во постапката, откако од страна на Јавното обвинителство Скопје во целост му беа доставени релевантни докази кои укажуваат на неопходноста од одмрзнување и деблокирање на сметките го преиначи решението на судијата на претходна постапка така што го одби предлогот на Јавното обвинителство Скопје за замрзнување на средствата и донесе решение со кое им наложува на банките да го запрат извршувањето на мерката од решението на судијата на претходна постапка, известуваат од Судот.

Одмрзнати сметките на Макпетрол
Одмрзнати сметките на Макпетрол

Судија на претходна постапка постапувајќи по предлогот за следење на платен промет и трансакции на сметки на правното лице Макпетрол АД и на правното лице ОИЛКО КДА Скопје, поднесен од 18.08.2015 година го уважи предлогот односно со решение наложи финансиските институции привремено да го следат платниот промет и трансакциите на сметките на правните лица Макпетрол АД Скопје и ОИЛКО КДА Скопје, се наведува во соопштението од Судот.

МВР поднесе кривична пријава против 21 лице

Минатиот четврток МВР поднесе кривична пријава против 21 лице кои се сомничат за незаконско прелевање на капитал од акционерското друштво Макпетрол во Командитното друштво со акции Оилко.

Осомничени во случајот се првиот човек на Макпетрол, Андреја Јосифовски, десетте членови на Управниот и осумте членови на Надзорниот одбор на компанијата, како и тројца одговорни во Централниот регистар, Централниот депозитар за хартии од вредност и Комисијата за хартии од вредност.