Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Oднесувањето на СДСМ кон медиумите одговара на стандардите на Северна Кореја и ИСИС

СДСМ не сака слободни медиуми. СДСМ сака тотална контрола врз медиумите. Ваквото тоталитарно однесување на СДСМ кон медиумите одговара на стандардите на Северна Кореја и ИСИС, се вели во соопштението на ВМРО – ДПМНЕ упатено до јавноста.

Интегрален текст од соопштението:

Граѓаните кои ги следат медиумите блиски до СДСМ или финансирани од Сорос повторно беа скратени од вистината и не добија слика за тоа што се случува.

Гледачите на ТВ Телма вчера немаа прилика да дознаат дека имаше протести пред МВР насочени кон техничкиот министер Оливер Спасовски за неговото несоодветно постапување во Бутел, како и пред МТСП против техничката министерка Фросина Ременски за отпуштените работници од Гевгелија.

Ја охрабруваме Телма во иднина да се спротистави на притисоците на СДСМ и објективно да ги информира граѓаните.

Инаку, ТВ 24 Вести се врати на првото место за отстапен простор за пропагандата на СДСМ базирана врз лаги и манипулации со дури 896 секунди во централните вести одделени за промоција на СДСМ и нивните негативни неаргументирани манипулативни кампањи насочени кон ВМРО-ДПМНЕ.

Веднаш зад оваа телевизија се наоѓа ТВ Телма која вчера во централните вести им изброи 670 секунди на рака на СДСМ во кои опозицијата имаше широко поле за да ја промовира својата манипулативна пропаганда и да го напаѓа неаргументирано ВМРО-ДПМНЕ.

Ова се телевизиите кои според СДСМ се фер и избалансирани се додека просторот кој го одделуваат за пропагандата и измислиците од Бихаќка секој ден се мери со повеќе илјадници секунди во своите вести и дебатни емисии.

Тоа е медиумската демократија на СДСМ.

Кај соросовите портали како Плус Инфо, Либертас, А1 Он, Нова Тв, Фокус и другите кои граѓаните ги препознаваат како мегафони на опозицијата – мали промени. Доминираат написите против ВМРО-ДПМНЕ (121) во споредба со текстовите во кои се промовираат ставовите и манипулациите на СДСМ (63).

Ваква медиумска Македонија сака да гледа СДСМ. Сите портали и телевизии кои спроведуваат директиви од СДСМ се прогласувани за добри телевизии, а сите кои не се покоруваат на наредбите од Бихаќка треба да бидат казнети со одземање лиценци.

Тоа е лицемерието на СДСМ во врска со медиумите и правото на слобода на информирање. СДСМ не сака слободни медиуми. СДСМ сака тотална контрола врз медиумите.

Ваквото тоталитарно однесување на СДСМ кон медиумите одговара на стандардите на Северна Кореја и ИСИС.