петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 29

Односите меѓу Турција и Русија се исклучително важни за регионот

erdogan1

Последни вести

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се надева на продуктивни разговори со својот руски колега Владимир Путин во Санкт Петербург на 9. август, пренесува ТАСС, повикувајќи се на изјава на Ердоган за турската државна телевизија ТРТ.

– За жал ние со Русија имавме несакан инцидент, оној со авионот, и наредните осум месеци имаше редица негативни процеси. По сето тоа, посочуваме во писмо дека односите помеѓу Турција и Русија се исклучително важни за целиот регион, дека е несоодветно да живееме одделно едни од други и предложивме да работиме на решавање на проблемите. Од другата страна, добивме позитивен одговор на тоа наше образложение, рече Ердоган за ТРТ.

– Јас сум уверен дека по мојата посета, многу работи одново ќе се вратат во колосек. И се разбира, една од најважните теми за нас е Сирија. Претходно ние подробно го проанализиравме тоа прашање. Очекувам тие продуктивни разговори со Путин да продолжат уште на средбата на Г-20 во Кина, додаде на крајот турскиот претседател.

Најчитани вести