Македонија

Одобрен ЕУ проект за управување со културното и природното наследство со Охридскиот регион

Одобрен ЕУ проект за управување со културното и природното наследство со Охридскиот регион

Билатералниот Секретаријат при МЖСПП стои зад уште еден голем проект кој е одобрен деновиве.Имено, со потпишувањето на Договор меѓу УНЕСКО и Европската Унија ,одобрен е Проектот за прекугранично управување со природното и културно наследство на Охридскиот регион и за ставање на албанската страна на Езерото под УНЕСКО. Проектот е дизајниран да ги опфати сите можни ризици во регионот на Охридското Езеро по културното и природното наследство. Целта е да се воспостави интегриран систем на управување и да се обезбеди прогласување на албанската страна на Езерото под заштита на УНЕСКО.

Стартот на имплементацијата на Проектот ќе биде на 15 и 16 Септември и во работниот тим ќе учествуваат стручни лица од Македонија и Албанија .

„ До крајот на 2016 година ова ќе биде прилика Охрид да создаде индивидуални и колективни капацитети самостојно да управува со културното и природното наследство и истото да го штити во прекуграничен контекст“, претставникот на билатералниот секретаријат, Дејан Пановски.

Пановски додава дека иницијативата на Проектот била дадена од страна на Билатералниот Секретаријат на неколку конференции од кој последната минатата година во Поградец.

„Ова е заокружување на интензивна работа со цел создавање услови за долготрајна заштита на езерото и регионот. Дел од тоа се обезбедените проекти за Дримскиот басен и прогласувањето на Охрид – Преспа за биосферен резерват,“ додава тој.