Одобрено обвинението за „Титаник 3“ против функционери на ДУИ

Советот за оцена на обвинителен акт при Кривичниот суд го одбори обвинението на Специјалното јавно обвинителство за предметот познат како „Титаник 3“, потврдија за МИА од Специјалното Јавно Обвинителство (СЈО).

Во овој случај СЈО ги обвинува координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Аљими, и Исмет Гури, член на Општинската изборна комисија за општина Чаир.

Двајцата се гонат за кривично дело „уништување изборен материјал“ во случајот „Титаник 3“ на СЈО.

Името на судијата и датумот за почеток на судењето дополнително ќе бидат одредени.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.