Спорт

Одреден тимот кој ќе ги брани боите на Турција во Шпанија

Одреден тимот кој ќе ги брани боите на Турција во Шпанија

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Турција, Ергин Атаман, ги одреди дванаесетте играчи за Мундобаскетот во Шпанија.

Со оглед на тоа што во тимот ги нема Хидает Туркоглу и Ерсан Илјасова, прва ѕвезда на тимот е играчот на Њу Орлеанс, Омер Ашик.

Тимот на Турција:

Бекови: Ендер Арслан, Синан Ѓулер (Галатасарај), Керен Тунџери (Бешикташ), Бариш Ермиш (Турк Телеком)

Крила: Ченк Акјол, Чеди Осман (Анадолу Ефес), Керем Гонлум (Галатасарај), Емир Прелџиќ (Фенербахче), Барис Херсек (Каршијака)

Центри: Омер Ашик (Њу Орлеанс), Фуркан Алдемир (Галатасарај) и Огуз Саваш (Фенербахче)

Мундобаскетот почнува на 30. август, а Турција е во групата Ц, заедно со САД, Украина, Нов Зеланд, Финска и Доминиканска Република.