Одредени патни правци во Србија непроодни поради обилните врнежи

Одредени патни правци во Србија и понатаму се непроодни поради обилните дождови, додека на одредени патишта сообраќајот се одвива отежнато. И денеска се очекуваат нестабилни временски услови со повремен дожд и грмежи.

Според Автомото сојузот на Србија, во прекин е сообраќајот на релација Крушевац-Прокупље кај местото Буци.

Во прекин е и сообраќајот на делницата Краљево-Гоч, како и сообраќајот на делницата Ивањица-Ушче.
Има и честа појава на одрони и претставуваат дополнителна опасност долж Ѓердапска и Ибарска магистрала.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.