Одрон кај Сопот

На патниот правец Катланово-Велес, после наплатната станица Сопот, кај потпорниот ѕид, поради голем одрон, сообраќајот се одвива отежнато по една коловозна лента и тоа само за патнички возила, додека за товарни возила во моментов не е дозволено. Дежурната екипа на ЈП Македонијапат е на терен и врши расчистување на одронот.