Одрон на патот кај Манастирот Бигорски

Одрон на патот кај Манастирот Бигорски. Како што информира АМСМ на патниот правец Маврово-Дебар, кај бензинската пумпа на Макпетрол, во близина на Манастирот Бигорски се одронила поголема карпа, па сообраќајот наместо по патот се одвива преку бензинската пумпа.

Според најавите на Македонија пат, одронот ќе се расчистува утрово.

Инаку, сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.