Одрон на патот Маврово-Дебар

На патниот правец Маврово – Дебар поради одрон кај село Сенце сообраќајот се одвива по една коловозна  лента само за патнички моторни возила. По една коловозна лента се одвива и сообраќајот на патниот правец Дреново-Прилеп на 1,5 километар после бензиската пумпа поради нанаос на кал во должина од пет метри. Поставена е соодветна сигнализација.

Според информациите добиени во АМСМ од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по претежно влажни коловози. Намалена видливост до 100 метри поради магла има во Охрид.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.