Одрон над хотелот „Тасино Чешмиче“ на Водно, граѓаните во паника

Ноќеска, по полноќ, голем одрон на земјиште ги исплаши жителите на куќите кои се наоѓаат над хотелот „Тасино Чешмиче“ на Водно.

Хотелот почнал да се гради во 2003-та година и се прави етапно. Инвеститорот неколку пати добивал решение за да ја прекине натамошната градба – широк ископ на земја во брдо на ул. Белградска и да ја отстрани градбата. Ископот ја загрозува сигурноста на околните градби и стабилноста на земјиштето.

Иако, во 2009-та се издадени неколку решенија со напомена дека ќе се пристапи кон присилно административно извршување, досега, велат сопствениците на загрозените куќи, инвеститорот на хотелот „Тасино Чешмиче“ не само што не постапил по тоа, туку и продолжил со градба.

Како што информираат од оштина Центра, граѓаните реагирале за случајот, а градоначалникот Андреј Жерновски излегол на терен  и  на соработниците им издал наредба да се пристапи ургентно кон решавање на состојбата,

Општината веднаш ќе побара од градежниот факултет во Скопје итно да ја испита состојбата на земјиштето, потоа ќе се изготви елаборат и ќе се пристапи кон градење на потпорен ѕид.

lizganje

zernovski