Одржан уште еден состанок за мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција

Грчкото Министерство за надворешни работи соопшти дека разговорите се одвивале во пријателска и конструктивна атмосфера.

– Темите за кои се разговараше вклучуваа соработка меѓу двете министерства, билатералниот дијалог за прашања поврзани со поврзаност/енергија, миграција, соработка во рамките на ИПА 2 и Програмите ТАИЕКС, економија, здравство, култура, јавна администрација, образование и цивилна заштита, стои во соопштението на грчкото МНР.

На средбата бил потпишан и Меморандум за разбирање меѓу унивезитетите „Свети Апостол Павле“ од Охрид и Универзитетот од Пиреја.

Следната рунда разговори за мерките за градење доверба ќе се одржи во јуни во Атина.