Одржан Форум на работодавачи во општина Илинден

Општина Илинден во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување, организираше Форум со работодавачите односно стопанствениците и инфосредба со млади лица од Општина Илинден, на тема: Со подобри политики на поддршка до повеќе вработувања во бизнис секторот.

Целта на Форумот со работодавачите беше да се презентираат поволните мерки и активности кои што им се на располагање на претставниците на бизнис секторот при вработување и ангажирање на лица за потребите во своите капацитети.

По средбата со претставниците на бизнис секторот се организираше инфосредба со младите од Општина Илинден, на која се презентираа можностите што им се нудат на младите лица да се вработат и почнат со сопствен бизнис.

20150302_101057

На форумот со работодавачите, како и на инфосредбата со младите, градоначалникот на Општина Илинден, м-р Жика Стојановски ја искажа својата определба во интензивирањето на одржлив локален економски и социјален развој и ја потврди посветеноста во работењето на локалната самоуправа за обезбедување на квалитетни услуги и услови за влез на домашни и странски инвестиции, овозможување и отворање на нови работни места, со што ќе се придонесе за подобрување на условите за живот и животниот стандард, конкурентност и овозможување на квалитетен живот на сите учесници во локалната заедница.