Македонија

Одржан голем хуманитарен концерт за др. Евица, акцијата продолжува

Одржан голем хуманитарен концерт за др. Евица, акцијата продолжува

Во преполната концертната сала на Дом на АРМ вчера 06.11.2014 година се оддржа големиот хуманитарен концерт за Д-р. Евица Бојаџиева.

На концертот се обратија организаторите, Професорката Аспазија Софијанова и Претседателот на иницијативниот одбор Александар Трајковски.

“Незнам како да започнам, пред волку хумани луѓе, дали како мајка, како колешка, како хуман граѓанин. Ви благодарам на сите кои сте вечерва со нас и подадовте рака за да се спаси животот на 34 годишната наша колешка Евица Бојаџиева. Наша обврска, наша должност е да помагаме и ќе помагаме на секој оној што ќе му биде потребна помош” истакна Софијанова.

“Како претседател на иницијативниот одбор за организација на овој голем хуманитарен концерт најнапред сакам јавно да се заблагодарам на луѓето кои заедно со мене работеа на овој настан, Професорката Аспазија Софијанова, Александар Пешевски, Илче Младеновски, Ивана Манчева и Мартина Спасовска ви благодарам од срце за посветеноста. Сакам да се заблагодарам и на сите донатори, естрадни уметници, Градот Скопје, Општина Штип, Општина Карбинци и сите останати за подадената рака и хуманоста која на дело ја покажаа. Ние тука не застануваме, зад себе имам 3 големи хуманитарни проекти со кои се гордеам. Можам да ветам дека и во иднина ќе продолжам да поддржувам организација на вакви и слични настани од хуманитарен карактер, затоа што нашето малку за некого значи живот” нагласи Трајковски.

На концертот настапија голем број на естрадни уметници.

Хуманитарната акција за Д-р. Евица Бојаџиева продолжува и во наредниот период, бидејќи недостасуваат уште еден мал дел од финансиските средства потребни за целосниот третман.

Сите хумани граѓани и во наредниот период, можат да донираат со вртење на телефонските броеви за донација

077/143-702 ВИП

075/143-200 ONE

070/143-108 T-MOBILE