Магазин

Одржана комеморација за Влада Дивљан

Одржана комеморација за Влада Дивљан

Голем број почитувачи, пријатели и роднини денеска на комеморацијата се простија од познатиот музичар Влада Дивљан, а од Домот на младите во Белград излегуваа со солзи и многу потресени, пренесува Танјуг.

Во чест на истакнатиот музичар на југословенскиот нов бран, неговите песни ги пееја неговите пријатели Срѓан Гојковиќ-Гиле, Момчило Бајагиќ- Бајага, Душан Којиќ – Која и други.

– Беше музика, беше рокенрол, рече музичкиот уредник Слоба Коњовиќ и додаде дека со денови барал зборови кои ќе ги каже во овој тажен момент, но сите му изгледлеа слабо.

– Се сеќавам на него од „Идоли“ каде беше движечката сила, а тоа беше време кога постоеше перспектива, се живееше поубаво и поквалитетно и Влада беше на врвот од тоа, истакна тој.

Коњовиќ потсети дека Дивљан беше неверојатен талент присутен на овој регион и оти неговата музика остави белег на многу генерации.

Во Домот на млади владеешее невообичаена тишина и покрај големиот број на луѓе кои присустуваа на комеморацијата.

Поранешниот фронтмен на белградскиот вокално инструменталниот бенд „Идоли“ и истакнат музичар на југословенскиот нов бран, Влада Дивљан (1958-2015) со години се бореше со тешка болест, која последните месеци се влошила, а почина на 5 март во австрискиот главен град.

Деведесетите години на 20-от век ги помина во Австралија, од 1991 година до 1997 година живееше во Сиднеј, потоа се врати во Белград. Од јуни 1999 година живееше и работеше во Виена.

Ќе остане запамтен како голем музичар кој ја одбележа југословенската музичка сцена, со неговата самостојна работа и со култниот бенд „Идоли“ чиј фронтемн беше од 1980 до 1984 година.

Со „Идоли“ ги објави албумите „Одбрана и последните денови“ (1982) и „Чоколада“ (1983), а самостојно три соло албуми „Тајниот живот на А.П. Шандоров“ (1988), „Сите лаги на светот“ (2000) и „Влада Дивљан презентс Di Tonzentrale“ (2003). Во 2012 година објавен е албумот „Четири годишни времиња“ со бендот „Летно кино“.

Работеше за компнирање музика за фимови, а трага остави н филмовите „Шест денови во јуни“, „Како пропадна рокенролот“, „Црн бомбардер“, „Три палми за две битанги и рибица“, „Седум и пол“, „Чекај ме, јас сигурно нема да дојдам“, „На убавиот син Дунав“…

Кремирањето ќе биде одржано денеска во 15 часот на Новите гробишта во Белград.