Одржана првата Дедомразовска трка

Денеска повеќе од 500 лица зедоа учество во првата Дедомразовската трка во Скопје.

Трката, која е дел од богатата програма за одбележување на Новата 2015 година се одвиваше по траса долга 1,6 километри, започна од плоштадот Филип Втори, и истата се движеше преку Македонскиот народен театар, преку Мост Гоце Делчев, булевар ВМРО, булевар Димитрие Чуповски, улица Македонија, Плоштад Македонија, Порта Македонија, до целта кај паркот Жена Борец (спроти Собрание на РМ).

– Оваа манифестација е од забавно-рекреативен карактер и истата ја збогатува предновогодишната програма во Скопје. Со денешната трка Скопје се приклучува на листата на метрополи од светот каде што се организира ваков настан. На денешната трка учество зедоа над 500 лица и истата ќе се организира и идната година, кога се надевам дека ќе биде помасовна, рече градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Prva Dedomrazovska trka 2014 (9)

Градоначалникот Трајановски ги додели наградите и медалите за најдобрите во трката во машка конкуренција, каде на првата Дедомразовска трка победи Илија Пајмаковски, второто место го освои Дарко Попацев, додека трет беше Богдан Цветковски.

Наградите медалите за најдобрите во трката во женска конкуренција ги додели генералниот директор на Пивара Скопје АД, Александар Ружевиќ, каде на првата Дедомразовска трка во женска категорија победи Кристина Попческа, второто место го освои Маја Ивановска, додека третото место го освои Ана Марија Петрушевска.

FOTO 1_Coca-Cola Dedo Mrazovska trka_START

Дедомразовската трка се настан од спортско-рекреативен и забавен карактер и истата се одвива во голем број на светски метрополи, а годината и Скопје се вклучува во оваа организација. Првите 500 учесници коишто се пријавија на трката добија дополнителен подарок – Дедомразовски костум.

Prva Dedomrazovska trka 2014 (9)

Сите средства кои беа собрани од котизацијата за учество на првата Дедомразовска трка во Скопје ќе бидат наменети за изградба активна зона во Скопје, во која ќе биде поставена опрема за вежбање, односно фитнес центар на отворено.

Овој настан е организиран од страна на Градот Скопје и Универзалната сала, во соработка со Прв до врв, додека главен спонзор Пивара Скопје АД.