Одржана „тајна седница“ во ФИФА

Во седиштето на Светската фудбалска федерација (ФИФА), во Цирих е одржана „тајна седница“ на раководството со нејзиниот актуелен претседател Сеп Блатер, тврди Би-Би-Си повикувајќи се на свои извори во светската „куќа на фудбалот“.

Според британската медиумска компанија, на седницата на која учествувале претставници на фудбалските  конфедерации, водени се тајни преговори околу иднината на Блатер и тоа дали тој и натаму треба да остане претседател на ФИФА.

78-годишниот Блатер веќе потврди дека има намера да се кандидира по петти пат за претседателската функција, тврдејќи дека уште сега ја има подршката на пет од шесте конфедерации кои се конституитивниот дел на ФИФА.

Изворот на кој се повикува Би-Би-Си, рекол дека во седиштето на федерацијата постои отворена загриженост околу водството на ФИФА и работењето на нејзините раководни тела, како и за тоа како во иднина ќе функционира организацијата која го води светскиот фудбал.

– Последниве години се забележува дека Блатер делува истрошено по бројните скандали што ја погодија ФИФА, обвинувањата за корупција во самиот врв на светската федерација, како и околу неговото категорично определување Русија и Катар да бидат домаќини на следните две Светски првенства, рекол овој извор за Би-Би-Си.

Крајниот рок за истакнување на кандидатурите е 29 јануари идната година, а изборот на претседател треба да се одржи во текот на летото.

Британските медиуми, вклучувајќи го и Би-Би-Си подолго време „војуваат“ со Блатер и со ФИФА, барајќи тој да се повлече од функцијата и заговарајќи темелно реформирање на организацијата.

Англиската фудбалска асоцијација (ФА) која не успеа да ја добие организацијата на СП во 2018 година, отворено побара од Блатер, овојпат да не се кандидира, тврдејќи дека и некои други европски федерации се заложиле за заминување на Бразилецот во пензија.

УЕФА е единствената конфередација која му ја нема дадени поддршката за претстојните избори, но Европската конфередарција нема свој кандидат, откако нејзниот претседател Мишел Платини, самиот се откажа од изборната трка.

Англичаните сега навиваат за јорданскиот принц Али, како компромисен кандидат за нов претседтал на ФИФА, но за него кандидатурата треба да ја истакне азиската конфедерација, а таа веќе му има ветено на Блатер дека ќе го подржи за уште еден негов мандат.