Одржана трка на Франкофонијата

Денеска на кејот на реката Вардар, се одржа Трка на Франкофонијата. На промотивната трка учество зедоа повеќе од 500 учесници до средните училишта на Град Скопје кои се над 15 години, како и студенти од првата година запишани на Универзитетот “Свети Кирил и Методиј”.

Присутните ги поздравија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и амбасадорот на Република Франција во Македонија, Лоренс Оер.

Trka na Frankofonijata (2)

– Оваа трка е организирана од Францускиот институт во Македонија и истата е дел од големиот број на активности кои се одржаа во Македонија за одбележување на Месецот на Франкофонија. Денес е и првиот ден на пролетта и ден на екологијата, која исто така е проследена со голем број на активности во организација на Град Скопје. Ние ја поддржуваме оваа промотивна трка и апелирам до жителите на Скопје да бидат што е можно повеќе активни и да рекреираат, кажа градоначалникот Трајановски.

Trka na Frankofonijata (3)

Трката на Франкофонијата се одржа под мотото Биди активен! Трчај за Франкофонијата! и истата е дел од големиот број на активности за одбележување на Месецот на Франкофонија.

Трката стартуваше на кејот на Реката Вардар, позади Паркот на Франкофонијата и се одвиваше по траса долга неколку километри, долж кејот на реката Вардар, преку улицата “МАНАПО”, по булеварот “Партизански одреди”, до целта кај трговскиот центар Скопје Сити мол.