Одвоете десет минути за вежбање: Утринска гимнастика

Ако сакате секогаш да бидете во топ форма и да ја зачувате витката линија, доволно е секое утро да одвоите десет минути за вежби, со што ќе ја стимулирате циркулацијата на крвта, ќе ги зајакнете мускулите на целото тело и ќе го стимулирате метаболизмот.

Скокови

Станете, исправете го грбот, рацете спуштете ги покрај телото, и споете ги нозете. Од оваа позиција, скокајте колку можете повисоко. Во исто време кренете ги рацете над главата и раширете ги нозете. Следниот пат кога ќе скокате спуштете ги рацете покрај телото и споете ги нозете. Повторете ја вежбата десет пати.

Полуклекнувања

Раширете ги нозете во широчина на рамињата, вовлечете го стомакот, исправете го грбот, кренете ги рацете пред градите и полека свиткајте ги колената додека бутовите не станат паралелни со подот. За да се зачува рамнотежата, свртете ги стопалата кон надвор. Повторете ја вежбата десет пати.

Склекови

Потпирајќи се на рацете и на врвовите на стопалата исправете го грбот, вовлечете го стомакот, нежно свиткајте ги рацете во лактите, додека телото не стане паралелно со подот. Потоа исправете ги рацете и повторете ја вежбата десет пати.

Истегнување

Земете широко расчекорена позиција, кренете ги рацете над главата, свиткајте го телото и обидете се со дланките да го допрете подот. Истегнете ги мускулите колку што е можно повеќе, а потоа вратете се на почетната позиција. Повторете ја вежбата најмалку пет пати.