Одворен ден на Агенцијатра за финансиска поддршка на земјоделството во Велес

Претставници на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралнот развој денеска имаа средба со земјоделците од поширокиот велешки регион, пренесува МИА.

Според Лилјана Јосифовска, советник во Агенцијата, најголем дел од земјоделците во Велешко, но и во останатите градови во земјава кои веќе ги посетиле, се интересирале за дирекните плаќања односно субвенциите и за ИПАРД програмата.

– За ИПАРД програмата е помал интересот бидејќи се бараат повеќе документи, додека за субвенциите како услов за нивно добивање, доволно е само правото на сопственост на земјата, потенцира Јосифовска.

На новинарско прашање како да им се помогне на земјоделците за обезбедување на обемната докуметација за до добијат од ИПАРД програмата, таа нагласи дека од 2009 година во сите реони во земјава пред земјоделците се презентира ИПАРД програмата и мерките кои се предвидени.

– Но, ние како Агенција сме секогаш отворени за сите кои имаат интерес и со совети ќе им помогнеме како полесно да добијат од ИПАРД програмата, потенцира Јосифовска.

Јовица Пановски земјоделец од велешкото село Иванковци, кој има 260 хектари државо земјиште, од кое на најголем дел од 240 хектари одгледува житарици, изјави дека е задоволен од субвенциите кои им ги исплаќа државата.