Оџак усмрти маж на Јужен булевар

Оџак усмрти маж на Јужен булевар
Оџак усмрти маж на Јужен булевар

Педесет годишниот жител на скопско Студеничани загина кога врз него падна оџак од старите бараки во паркот кај Јужен булевар, објави Канал 5.

Несреќникот наместо да заработи леб, чекајќи градежна работа на Јужен булевар, пред очите на колегите го изгуби животот.

Човекот поминувал по патеката во паркот кога оџакот што бил на самите бараки при уривањето паднал врз него.

мми

„Тука седев кога оџакот го поклопи човекот, работниците не ни забележаа дека човекот е мртов. Јас почнав да викам и тие престанаа. Ништо ни ограда не постави ја. Од тука само што помина мајка со бебе во количка“, раскажа очевидец, за Канал 5.

На местото на несреќата надлежните направија увид.

Од градежниот инспекторат најавија дека ќе го испитаат случајот.

Фото: Канал 5

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.