Балкан

Одземен пратеничкиот имунитет на петмина пратеници од „Златна зора“

Парламентот на Грција го одзеде имунитетот за неприкосновеност на петмина пратеници од ултра десничарската партија „Златна зора“, пренесе „РИА Новости“.

Оваа одлука е донесена поради истрагата за учество во криминална организација и поседување нелегално оружје, што се води против нив. За одземањето на имунитетот на пратениците гласале 195 од вкупно 300 пратеници.