Одземени компјутер и мобилни од домот на Канческа Милевска

Околу десет часа траел претресот во домот на поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска. Според информациите на ТВ 24 биле одземени два мобилни телефони, приватниот и еден кој и бил даден од Собранието и го користела половина година.

Освен мобилните одземен и бил и компјутерот кој е во  сопственост на нејзиниот син. За време на претресот кој по налог на СЈО го потпишал судија на претходна постапка од Кривичен суд, Канческа била присутна и соработувала со полицијата.
Информацијата за претресот ја потврдил и нејзиниот адвокат  Сашо Дукоски.

Според извори на ТВ 24, станува збор  за нова, предистражна постапка, поврзана со дело од 2016-та година.