Одземено возило на странски државјанин при влез во државата

На 11.10.2014 година во 12,30 часот на ГП„Табановце“ на влез во РМ, со ПМВ„Голф“ со српска национална ознака, се пријавил Б.С.(65), при што од страна на УПС при проверка на возилото утврдено е дека VIN бројот отстапува од оригиналноста.Со потврда за привремено одземени предмети од Б.С. е одземено возилото и во 14,35 часот истиот е предаден на УПС од ПС-Куманово за понатамошна постапка.