Одѕивот на француските парламентарни избори може да биде рекордно низок

© AP Photo/Laurent Cipriani

Одѕивот на гласачите на вториот решавачки круг од француските парламентарни избори во неделата може да биде најнискиот во историјата на Петтата република, сметаат експертите имајќи ги предвид прелиминарните извештаи за посетеноста на избирачките места.

„Показателот од 17,75 отсто регистрирана во 12 часот, укажува на тоа дека конечниот одѕив на гласачите че биде околу 40 отсто, што е најнискиот во целата историја на Петтата република“, изјави за телевизијата BFM TV директорот на институтот за испитувања на јавното мнение Elabe, Ив-Мари Кан, коментирајќи ги податоците од министерството за надворешни работи кое е задолжено за спроведување на изборните циклуси во Франција.

Од друга страна, познатиот колумнист и добитник на престижната награда „Ришелје“, Гијом Рокет смета дека „ниската активност на гласачите не дава причини да се става под сомнение легитимноста на изборите“.
Првите податоци за одѕивот

Според податоците на министерството за внатрешни работи, одѕивот на вториот круг од парламентарните избори во Франција до пладне изнесувал 17,7 отсто. Тоа е значително помалку отколку на претходните парламентари избори, кои се одржаа во 2012 година, и во истиот период изнесуваше 21,41 отсто, додека претходно во 2007 година во споменатиот период кога во вториот круг гласале 22,89 отсто од гласачите.

Излезноста на гласачите на решавачкиот круг од парламентарните избори годинава, исто така, се покажал понизок отколку во првиот круг, кој се одржа на 11 јуни. Пред една седмица до 12 часот гласаа 19,24 отсто од француските избирачи.

За парламентарните избори

Изборите за Националното собрание, долниот дом на францускиот парламент, се спроведуваат во два круг според мнозинскиот систем. Во решавачкиот круг во трка влегоа 1.146 кандидати, претставници на различни партии и предизборни коалиции од целиот политички спектар во Франција.

Од 8 часот по локално време беа отворени 67.000 избирачки места, додека гласањето во француските прекуморски територии се одржа ден претходно, во саботата. Најголемиот дел од избирачките места ќе бидат затворени во 19 часот, додека последните во големите градови ќе бидат затворени во 20 часот.

Веднаш потоа ќе бидат објавени првите прелиминарни резултати од гласањето, според излезните анкети. Претходното објавување на вакви податоци од во Франција е забрането со изборниот законик.

Единствените официјални резултати кои може да се објавуваат во текот на изборниот ден се информациите за одѕивот на гласачите. Оваа информација министерството за внатрешни работи ја објавува двапати, на пладне и за 17 часот по локално време.