понеделник, 16 јануари 2017  |  Вести денес: 62

Оер: Да се најде излез од политичката криза

Амбасадорката Оер престојуваше во Битола каде на француските гробишта се одбележуваше 8 Мај, денот кога во 1945 година заврши Втората светска војна.

Оер: Да се најде излез од политичката криза

Оер: Да се најде излез од политичката криза

Последни вести

Амбасадорката на Франција во Македонија Лоранс Оер за време на денешниот престој во Битола изјави дека политичката криза во државава ги загрижува сите и оти мора да се најде излезно решение.

– Политичката криза во Македонија не загрижува сите, посебно мене затоа што доаѓам од Франција една од државите основачи на Европската унија. Штета е што на 9 мај треба да ја славиме Европа во ситуација кога сме загрижени за Република Македонија и си го поставуваме прашањето како ќе се излезе од кризата. Се прашуваме како на 5 јуни би имало избори кога условите се уште не се усогогласени помеѓу политичките партии, листите не се подготвени и навистина мора да се излезе од оваа криза, изјави Оер одговарајќи на новинарски прашања.

Амбасадорката Оер престојуваше во Битола каде на француските гробишта се одбележуваше 8 Мај, денот кога во 1945 година заврши Втората светска војна.

Најчитани вести