Официјална промоција на Георгиевски во Тулуз

Десното крило на националниот тим, Гоце Георгиевски денеска ја имаше својата официјална промоција во Тулуз.

Леворакиот ракометар ќе настапува во Франција до крајот на оваа натпреварувачка сезона, односно во следните два месеци ќе го носи дресот на Тулуз.

Георгиевски ќе биде замена за повредениот Пјерик Шел, а во новиот тим ќе настапува со “старата деветка” на грбот, со која настапуваше и во Металург.

Своето деби би требал да го има во рамките од 20-то коло од францускиот шампионат, на гостувањето против Данкерк.