Официјална промоција на Војдан Стојановски во МораБанк Андора

Македонскиот кошаркар Војдан Стојановски ја имаше и својата официјална промоција во својот нов клуб МораБанк Андора, откако таму премина од берлинска Алба.

“Доаѓам во клуб што има проект за светла иднина. Не се сомневам во правилноста на мојата одлука, се уште не знам каква улога ќе имам во тимот на Андора, но дефинитивно ми се допаѓа предизвикот, да играм во најдобрата лига во Европа. Се што слушнав за мојот нов клуб беше позитивно, па без многу размислување ја прифатив понудата” – изјави Војдан на својата промоција.

И претседателот на клубот, Горка Аисас истакна огромно задоволство од доаѓањето на македонскиот репрезентативец во клубот.

“Се засиливме онака како што посакувавме, добивме квалитетен кошаркар кој нема да ја наруши финансиската стабилност на клубот. Задоволни сме што Војдан ќе го носи дресот на нашиот клуб” – истакна претседателот на МораБанк Андора.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.