Официјална Тирана: Победничка партија е ВМРО-ДПМНЕ и таа ќе одлучи со кој ќе коалицира

Официјална Тирана не ја интересира кој ќе биде во составот на новата македонска влада, пишува албанскиот портал „ExPress.mk“.
Извор од албанската владејачка партија за порталот вели дека победничка партија во Македонија е ВМРО-ДПМНЕ која има и апсолутно мнозинство за состав на новата владина гарнитура.
„Ние немаме право да го пикаме „носот” во тоа кој со кого коалицира. Ние кога ја направивме коалицијата по изборите ниту една партија од Македонија,  ниту Никола Груевски не ни предложи коалициски партнер. И ние немаме никакво право да предложиме на некој со кого да коалицира, вели изворот.

Аналитичарот од Тирана, Бесник Рама исто така коментира дека доколку официјална Тирана била заинтересирана за изборите во Македонија ќе реагирала на друг начин.  Имено, би го  го ставела Државниот телевизиски канал на услуга на албанските кандидати за пратеници во дијаспората. А, исто така  немало да дозволи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ да освои 400 од вкупно 405 гласови, како што се случи среде Тирана.