Официјални бројки: Во текот на немирите во Украина загинале 100 лица

Од украинското Министерство за здравство е соопштено дека во текот на четиримесечните протести и немири во земјата загинале сто лица, а повеќе од илјада се хоспитализирани.

Од ноември минатата година, кога започнаа демонстрациите во Украина, до денеска загинаа 100 демонстранти, стои во соопштението на Министерството за здравство на Украина.

Исто така, се наведува дека од 18-ти февруари оваа година кога ескалирале судирите, се’ до денеска се хоспитализирани 1.075 лица, а 216 се’ уште се во болниците.